Демократските процеси мора да продолжат. Недозволиво е во една парламентарна демократија, чисто изразена волја на 700.000 граѓани за промени, на кредибилни избори, декларирана преку 67 пратеници во Парламентот, да биде спречувана со насилие. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дури и од опозиција имаат одговорност да не им штетат на државните и на граѓанските интереси.

Граѓански интерес е земјоделците да си ги добијат заостанатите субвенции што им ги попречи досегашната власт во заминување.

Да добијат обештетување за штетите од временските непогоди.

Вработените во општините, училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи да не останат без плата, времено ангажираните без надоместоци.

Тоа ќе се случи за три недели доколку продолжи блокадата на Парламентот, бидејки на 15 мај ќе престанат надлежностите на градоначалниците и советите, а нови локални избори не може да се распишат без нов претседател на Собранието.

Неразумната блокада на Собранието што ја спроведуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Ѓорге Иванов, ја блокира целата држава и остава простор да се реализираат сценаријата на етнички провокации од страна на Никола Груевски.

И сето тоа поради стравот од соочување со одговорност на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за сторените криминали и злоупотреби. Тоа е директно нанесување штета на стабилноста на државата и тешко протиувуставно казниво дело.

Затоа институциите и вработените во нив имаат должност да застанат во одбрана на демократските процеси, Уставот и законите.

Парламентарното мнозинство ќе одговори на својата должност и ќе ги заштити граѓаните и државата. Ќе има одговорност за евентуално попречување на мнозинската волја.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2017 09:06