Стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Северна Кореја има за цел да изврши притисок врз Пјонгјанг да ги прекине своите програми за разработка на нуклеарно оружје и балистички ракети, преку засилување на санкциите, а Вашингтон останува отворен за преговори, се посочува во заедничкото соопштение на државниот секретар Рекс Тилерсон, министерот за одбрана, Џејмс Матис и директорот на Националното разузнавање, Дан Коутс, цитирано од британските медиуми.

„САД се стремат кон стабилност и мирна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Остануваме отворени за преговори за постигнување на оваа цел. Меѓутоа, остануваме и подготвени да се одбраниме самите и нашите сојузници“, се дополнува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2017 09:15