Антонио Милошоски најмалку може да зборува од име на народот, затоа што тој додека ги убедувал граѓаните во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, знаел дека ги лаже и си барал спас во нотар, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на Милошоски.
„Каков државен удар? Парламентарното мнозинство е власт во државата и ја презема одговорноста да ги носи одлуките за деблокада на демократските процеси, што ќе почне со избор на нов собраниски претседател. А тоа е само удар врз криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Предупредуваме да не помисли некој да постапува спротивно на Уставот и на државните интереси на Македонија. Тоа се тешки казниви дела за што се одговара“, се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека Никола Груевски и Антонио Милошоски не се народот, туку дека народот е декларираното парламентарно мнозинство.