Во тензичната ситуација попладнево во Собранието на РМ, откако пратениците на СДСМ на 20. продолжение на конститутивната седница насилно го изгласаа Талат Џафери за нов претседател на Собранието, се испееја две химни.

Поточно по веста за новиот претседател незадоволни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сите станаа и во еден глас ја пееја химната на Македонија, барајќи избори.

Зеќирија Ибрахими, пратеникот од редовите на БЕСА, на ова веднаш возврати во пеење на албанската химна од говорница.

Тој посочи дека Албанците имаат своја химна, а не македонската која претходно ја пееја барајќи избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 01:16