Парламентарното мнозинство попладнево го избра пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, за нов претседател на Собранието на Република Македонија.

Претседавач на конститутивната седница беше пратеникот Ферид Мухиќ, како втор по возраст пратеник во Собранието, бидејќи најстариот, Бранко Манојловски, не беше присутен. Мухиќ за свои заменици ги избра Горан Мисовски и Џевад Адеми, од средината на Собранието по прекината седница и од средина на Собранието, а изборот на Џафери за спикер го водеше Мисовски, додека во заднина во пленараната сала, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „ова е пуч“ и „срамота“, и ја пееја македонска химна.

Откако беше избран со 61 гласа „за“ кои беа напишани на лист хартија, без официјално стискање на копчињата за „за“, „против“ и „воздржан“ и без присуство на пратениците од ВМРО - ДПМНЕ на собраниските столчиња, Џафери даде свечена изјава и се потпиша, по што се обрати на албански јазик. Поради хаосот кој настана во Собранието, се претпоставува дека пратениците на Беса, не го дадоа гласот за Талат Џафери.

По изборот на Џафери во Собранието, граѓаните кои протестираат под водство на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и кои беа пред главниот и службените влезови на Собранието, влегоа внатре.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 01:36