При нападот на Собранието од страна на демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“, пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села беше најмногу повреден.
Демонстрантите со столиците, тврди предмети и боксови ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство при што со физички повреди се здобија Зоран Заев, Дамјан Манчевски, а најповреден беше Зијадин Села.
На фотографијата која што се шири по социјалните мрежи може да се забележи како пратеникот е со крваво лице легнат на подот во Собранието.