Германскиот сојузен министер за надворешни работи Зигмар Габриел го осуди насилството во македонското Собрание и повика на формирање влада како следен чекор по спроведените избори.

- Доживеавме сега, во (ПЈР) Македонија, кандидат за прием во ЕУ, да се упадне во Собранието, да бидат удирани пратеници и таму да владее атмосфера, која воопшто не е споива со она што ние го очекуваме во Европа. Таму треба сега конечно да се формира влада, бидејќи имаше демократски избори. Тоа што досегашната владејачка партија го одбива тоа, што нејзини приврзаници упаѓаат во Собранието, удираат пратеници воопшто не е прифатливо. Ова мора веднаш да се смени и мора да биде јасен сигнал од овде, од Малта, се наведува во пишаната изјава од министерот Габриел кој учествува на неформален министерски состанок на шефови на дипломатиите на ЕУ и земји кандидати.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 13:37