Ги повикувам сите страни во Скопје да ги смират тензиите и да го охрабрат дијалогот, вели генералниот секретар на Советот на Европа

Советот на Европа денеска повика на смирување на тензиите во Македонија и на воздржување од насилство.

- Ги повикуваме сите страни да се воздржат, да ги смират тензиите и да не употребуваат сила - изjави генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во името на паневропската организација по синоќешните настани во македонскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Јагланд оцени дека ситуацијата во парламентот во Скопје е алармантна. - Ги повикувам сите страни во Скопје да ги смират тензиите и да го охрабрат дијалогот - вели генералниот секретар на Советот на Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 13:43