Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета денеска телефонски разговарал со својот македонски колега, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и притоа оцени дека предизвиканиот конфликт е политички, а не меѓуетнички, јавуваат тиранските медиуми.

Мета му дал целосна поддршка на Џафери во работата на македонскиот Парламент за стабилност и демократија.

- Жалам поради неприфатливото насилство во македонското Собрание. Ние поддржуваме решавање на кризата во Македонија по пат на уставни и демократски средства. Конфликтот што се случи е политички, а не меѓуетнички, истакна Мета.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 14:25