Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржа прес-конференција од партиското седиште на која рече дека вчерашниот инцидент во Собранието бил координирана, испланирана акција.
„Направен е првиот чекор во освојување на демократијата во земјата. Навистина беше тешко затоа што уште имаме работа со остатоците од режимот и со непресметливи луге. Но, ние имаме поддршка од сите, САД, ЕУ, НАТО и тие во нас го гледаат моторот на мирот и развојот на демократијата. Ние ќе бидеме дел од овие историски процеси и ќе ги градиме мирно. Ова е обид за убиство со план и добра умисла. Сета оваа работа ја изрежираа Трајко Велјаноски, Иванов и Чавков бидејќи не беа подготвени да се откажат од своите интереси. Акцијата беше водена со добра координација со полицијата, а маскираните лица веднаш се упатија кон целта, а тоа беа пратениците на на мнозинството и новинарите. Жалам што голем дел од нив настрадаа во ова насилство“, изјави Заев.