На новинарско прашање, Како го коментирате политичкото влијание на припадници на полицијата вчера, неодговорноста на Митко Чавков и најавената оставка на министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговори:
Заев: Ова вчера беше само на дело, атак врз уставниот поредок, рушење на се што е Устав и закон во оваа наша земја. Секако, она што го објави министерот Нухиу, е јасно како бел ден, кажува се, вишок е секој мој коментар.
Очекувам веднаш оставка од Митко Чавков. И нека бега подалеку. Срамота!