Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов, бидејќи како што рече, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата.

Ахмети кој изјавата ја даде во седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица пред да започне состанокот на Централното претседателство на партијата, повика на смиреност, бидејќи како што рече, станува збор за политички проблем што треба да го решат политачрите, а не граѓаните.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи посочи дека околу евентуалното одење на лидерската средба можеби ќе се разговара и на состанокот на претседателството, а ги повика сите институции да реагираат превентивно, а не откако ќе се случат настаните како синоќа со упадот на граѓаните во Собранието што претставува срам и за институциите, но и за граѓаните на државата.

Одговарајќи на прашање дали очекуваат следната седница на Собранието да ја води Талат Џафери, таа рече Собранието има нов претседател тој се вика Талат Џафери кој е избран со мнозинство гласови во регуларна седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 15:02