Избравме претседател на Собранието и ќе избереме влада, како што очекуваат граѓани и меѓународната заедница.

Одлучно стоиме зад демократијата која носи добар живот и вистински евроатлански перспекетиви.

Насилството врз новинарите и врз легитимно избрани претставници врз граѓаните е поттикнато од Груевски, Иванов, Велјановски и Чавков кои ги погодува трансферот на власта што носи одговорност и правда. Тие за своите интереси ги жртвуваат граѓанските и државните интереси. Насилството е резултат на остатоци од решимот во распаѓање.

Во периодот кој следува мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и држава и со цела совест да застанеме зад висинските вредности и да ги одбраниме. Не смееме да потпаднеме под провокации кои имаат цел раздор и изолација на Македонија. Имаме работа со непресметливи луѓе. Заедно сме со ЕУ, НАТО, САД, целата меѓуанродна заедница која во нас гледа мотор за безбедност, демократија. Бидете дел од овие историски процести за РМ.

Заев го повика Основнотот јавно обвинителство да отвори истрага за која има „докази до небо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 15:08