Зоран Заев, лидерот на СДСМ, денеска одржа прес конференција по синоќешните инциденти во македонското Собрание во кои беше повреден.

Тој повика на присебност и разумност како должност кон татковината и семејствата.

Воедно, Заев денеска на прес-конференцијата изрази и почит за пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој ги бранеше за време на инцидентите и стоеше рамо до рамо со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 15:39