Здравствената состојба на пратеникот Зијадин Села, кој беше најмногу повреден во синоќешната драматична ноќ во Собранието, е стабилна.

Со тешки повреди на главата, лицето и градниот кош, синоќа тој е префрлен од Карил на неврохирургија. Тој бил удиран и влечен по подот и во бессознание донесен во Ургентниот центар.

„Господин Села има сериозни повреди, тој беше примен на Одделот за интензивно лекување Карил, неговата состојба е стабилна и е надвор од животна опасност“, изјави д-р Реџеп Селмани, директор на Ургентен центар за Телма.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 15:45