Полицијата делуваше постепено со цел да има помалку повредени и да се избегнат евентуални жртви, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто по повод последните настани во Собранието.
Според него енергична акција врз толпата народ кој влегуваше во Собранието ќе беше контра продуктивна. На прашањето дали чуствува одговорност за последните случувања тој вели дека тој бил меѓу првите што пуштил повик да запре насилството.
Ниту сум повикал некогаш на насилство и бев прв политичар во Македонија што по случувањата во Собранието од Виена пуштив повик да нема насилство и тоа да запре, преку социјалните мрежи, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прашањата дали чуствува одговорност на последните случувања во Собранието.