СДС брзајќи да ја реализира Тиранската Платформа грубо го прекрши Уставот, законот и деловникот за работа на Собранието, СДС најбрутално ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници.

СДС смислено и насилно како што најавија и нивните новинарски пера и експерти спроведе перформанс кој тие го нарекуваат избор на Претседател на Собранието и со тоа се предумисла се доведоа себе си и другите пратеници и вработените во Собранието во опасност и на удар на народниот револт, кој со денови го подгреваа и неминовно го доведоа до состојба на ескалација.

СДС им должи извинување на граѓаните чиј револт смислено го предизвикаа, спроведувајќи го својот перформанс, кој тие го нарекуваат избор на Претседател на Собранието, во час во кој знаат дека има илјадници граѓани пред Собрание чие трпение со денови го тестираат и истите смислено ги провоцираат.

СДС мора да сноси политичка и правна одговорност за ситуацијата во која го доведоа Собранието и унакажувањето на демократијата во Република Македонија.

На граѓаните на Република Македонија, не им требаат поделби, насилство и туѓи платоформи, граѓаните сакаат почитување на законите, владеење на правото и програми и платоформи за економски напредок и технолошки прогрес.

Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.

СДС мора да сфати дека народот не се согласува со нивната намера за тргување со највисоките државни и национални интереси. И тоа мора да го почитуваат. СДС мора да сфати дека народот си ја сака сопствената држава и не треба свесно да го подбуцнува и разгневува.

СДС мора да го слушне гласот на народот и да ги прифати нивните легитимно искажани барања за нови парламентарни избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 08:56