Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ се одржа средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата За Подобра Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието.

На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС.

Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните.Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.

Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилвство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 09:51