Бостон го победи Чикаго со резултат 105:83 и по минусот од 0-2 во серија, дојде до четврта последователна победа за 4-2 и се пласира во следната рунда натпревари од плејофот на НБА-лигата.

Бостон селтикс водеше од почетокот на натпреварот и во ниту еден момент не ја загрози победата. Најефикасен во тимот на Селтикс беше Бредли со 23 поени, пет скока и три асистенции, а кај тимот на Чикако најдобар беше Џими Батлер со 23 постигнати поени.

Во полуфиналето на Источната конференција Бостон ќе игра против Вашингтон, кој е предводен од одличните Џон Вол и Бредли Бил, коишто заедно постигнаа 73 поени и ја победија Атланта со резултат 115-99, со што се пласираа во следната рунда. Најефикасен во екипата на Вашингтон беше Џон Вол со 42 поена, Бредли Бил постигна 31 поен, а одличен беше и Маркиф Морис со 17 поени и осум скока.

Лос Анџелес клиперс гостуваа кај Јута и победија со 98-93, со што израмнија на 3-3 во серијата и изборија мајсторка.

Најефикасен во екипата на Лос Анџелес беше Крис Пол со 29 поени, три скока и осум асистенции. Најдобар во тимот на поразената Јута беше Хауард со 31 поен, додека Џорџ Хил и Руди Гоберт постигнаа по 15 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 11:11