Вардар првпат во својата клупска историја, и во историјата на македонскиот машки ракомет ќе се бори за европската титула, откако се пласираше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите во Келн на почетокот на јуни. Во двомечот со Флензбург, во четврт-финалето нашите момци не само што победија двапати, 26-24 и 35-27, туку и покажаа дека стануваат и сериозен фактор на европската ракометна сцена.

А Европската ракометна федерација сезонава повеќепати вбројуваше играчи на Вардар во иделаниот тим на колото, имавме свои претставници меѓу најдобрите голови, најдобрите одбрани, и некои мечеви беа прогласувани за натпревари на неделата укажувајќи на квалитетот на нашиот тим. Сега кога се ближи крајот на сезоната време е за сумирање на постигнатото, за избор на најдобрите.

Се навикнавме секоја сезона да има по некоја ракометарка на Вардар во идеалниот тим на сезоната во ЛШ. Сега истата можност ни се дава и со машкиот тим. Пред почетокот на реванш четврт-финалните натпревари од ЛШ, ЕХФ ги објави новинациите за изборот на Ол стар тимот во лигата на шампионите.

Таму има тројца вардарци, Тимур Дибиров на позицијата лево крило, Алекс Душебаев како кандидат за најдобар десен бек, и Илија Абутовиќ кој конкурира за најдобар дефанзивец.

Тренерот Раул Гонзалез е во конкуренција за најдобар тренер.

Гласањето за најдобриот состав на сезоната ќе трае до 30 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 12:37