Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која расправаше за актуелната политичка состојба.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди нелегалниот обид за избор на Претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се уставот, законите и пропишаниот деловник. Непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и институциите.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди и шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат. Само строгото казнување на ваквото антидржавно однесување ќе спречи да се повторува газењето врз Уставот и законите.
За централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обидот за воспoставување на нелегални институции би направило преседан кој во иднина може да се злоупотреби, и да стане вообичаена пракса и на тој начин да се суспендира волјата на граѓаните изразена на изборите.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ испраќа апел до СДС и нејзиното раководство јасно, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава.