Судското рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство во врска со настаните пред општина Центар во јуни

2013 година, што требаше да се одржи денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено за 28 јуни.

Судијата го одложи рочиштето поради отсуство на петмина од обвинетите.

Во овој предмет се обвинети 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите се и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески и актуелната пратеничка и поранешна советничка во општина Центар Даниела Рангелова, кои денеска дојдоа во Судот. На денешното рочиште беа пристуни и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, како и општински советници.

Специјалното јавно обвинителство го покрена овој случај на 15 септември минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2017 11:08