Улицата со должина од 930 метри ќе се протега по трасата на стариот автопат
На 04.12.2021 на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Х.(24) од Скопје
Сто и шеесет средношколци од прва до четврта година од различни струки од средните училишта во Струмица, Охрид, Крива Паланка и Тетово учествуваат на четири натпревари во претприемачки вештини кои во текот на ноември и овој месец ги спроведува организацијата „Џуниор ачивмент Македонија“ со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД и Фондот за иновации и технолошки развој
Поради водоводен приклучок ф-200мм на ул.„Качанички пат“ бб (Бензинска Пумпа Мак Петрол), денеска од 12:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел корисниците на ул.„Качанички Пат“
Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје беше отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство
Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со новогодишни реквизити
Вработените во „Дрекслмајер“, во рамки на волонтерска акција за пошумување, засадија околу 3500 садници во месноста Страгово во близина на изворот на реката Луда Мара со цел негова заштита од пресушување
На 05.12.2021 во 22.10 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода Ш.М.(27) од Скопје
За два сантиметри е зголемено нивото на Дојранското Езеро, за еден е намалено нивото на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското езеро е во рамките на декемврискиот просек
За утре повторно е најавен протест со барање до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, за приклучок на селото Сирково кон брзиот пат Градско-Прилеп, информираше денеска Веле Коцев, претседател на месната заедница