Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување.
Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, почина повозрасен пациент, кој десеттина дена бил хоспитализран, што е деветта жртва од опасниот вирус овој месец.
На 22.08.2021 околу 13.10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Во изјава за МИА, кавадарчанецот Ѓоко Палитов рече дека иако своевремено било договорено да не плаќаат вода поради застареност на каналот за наводнување, деновиве добиле нотарски известувања дека треба да платат водарина за 2018 година, плус нотарски трошоци.
Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет и три нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.
Во Кавадарци се пријавени два физички напади во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Дел од корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во Општина Кисела Вода од 8:30 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски е добитник на Меѓународната книжевната награда „Наџи Наaман“ во категоријата за целкупен опус. Станува збор за признанија кои се доделува во повеќе категории и со традиција и континуитет од 19 години.
Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во обраќањето по овод одбележувањето на големиот јубилеј 80 години од формирањето на првиот Скопски партизански одред,