Традиционалната културна манифестација Рацинови средби посветени на делото на големиот Коста Солев Рацин кои годинава на почетокот на јуни требаше да се одржат по 57-ми пат во неговиот роден Велес, ќе изостанат поради состојбата со Ковид-19.
Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд денеска поднесе предлози за издавање казни во висина од по 800 евра против 11 лица кои го прекршиле полицискиот час.
Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство од утре (Четврток, 14.05.2020) ги отвора своите врати за посетителите.
Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да се укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.
Според информациите на командирот на Полициската станица од општа надлежност Делчево, Стојан Димитровски, над 50 од кривичните пријави се однесуваат за прекршување на забраната за движење за време на полициски час.
Поранешниот лекар во пензија кој сакајки да ја покаже својата несебична хуманост и даде свој придонес во справувањето со Ковид-19 пред повеќе од две недели се зарази и стана вториот позитивен на коронавирус, а денес тој е без симптоми на болеста.
Според најновите информации, во Прилеп денеска се регистрирани пет нови случаи на заразени лица од Ковид-19 што претставува пораст на новозаболените, за разлика од претходните денови кога имаше од еден до двајца случаи.
Инвестицијата не е на Градот, туку, како што рече градоначалникот Петре Шилегов, на совесни граѓани на Скопје кои сакале да помогнат да го уредат девастираниот простор.
Јавниот превоз во главниот град, кој од воведувањето на полицискиот час, има двократно работно време, се очекува да се нормализира паралелно со етапното олабавување на мерките
Двајца жители на Дебар се обвинети за непочитување на полицискиот час, информираат од Јавното обвинителство