Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25.04.2019 година (четврток), во периодот од 8 до 17 часот.
-Со масовноста на оваа акција сакаме да го привлечеме вниманието на граѓаните и да укажеме на штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии. Депониите не само што ја загрозуваат животната средина туку претставуваат и директна закана за здравјето на граѓаните.
Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица кои во март и јули 2018 година извршиле обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.
Во чест на Горан Стефановски, на денот на неговото раѓање, 27 април, в сабота напладне во паркчето спроти ресторанот „Наџак“ (Идадија) во Дебар Маало ќе биде засадено дрво, ќе бидат прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, ќе се слуша неговата најомилена музика, а сите што сакаат ќе може на „отворен микрофон“ да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со нашиот познат драмски автор.
Културната понуда на Охрид летово ќе биде збогатена со манифестацијата Летните уметнички ноќи на улица „Самоилова“ што во текот на јули и август ќе се одржува секоја вечер во просториите на Културно информативниот центар „Култура 365“.
Малолетна кавадарчанка била обљубена од малолетен роднина, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Проблемот кој со години е соочува Охрид со недостиг на паркинг места во градот, особено во шпицот на туристичката сезона ја наметнува потребата од изградба на современи Катни гаражи.
Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија „Тик-так“ во режија на Синиша Евтимов, која премиерно ќе биде изведена на 16 мај на малата сцена на МНТ.
Десет пати пониско е нивото на реката Сатеска од просекот за април, покажуваат денешните хидролошки мерења.