Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.
Во СВР Скопје утрово околу 04.13 часот било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.
На брегот на Дебарско Езеро во месноста наречена „венец“ вчера е пронајдена стара експлозивна направа, рачна бомба.
Лице кое престојувало во зградата на поранешен хотел „Кристал“ во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.
Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележa денес во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица. За значењето на овој ден говореше Тања Гошева, директорка на библиотеката.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жител на село Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради постоење сомнение дека сторил кривичното дело – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Благодарност до граѓаните за опомената што ни ја пратија. По изборите ќе се утврдува индивидуално одговорноста на секој поединечно во рамки на институциите што ги предводи.
По повод претстојните велигденски празници, во петок (26.04.2019 година) возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180 кои ќе возат по делничен возен ред.
Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар.
Во рамки на проектот за агро-еколошко зонирање на земјоделското производство Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска одржува обука за географски информациски системи (ГИС) наменета за клучните институционални чинители во агро-еколошките пракси и политики.