Снегот кој интензивно паѓа во Крива Паланка од девет часот утрово на местата на надморска височина од над 1.000 метри формираше снежна покривка од десетина сантиметри.
Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег, соопшти општина Центар.
Поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Делчево граничен премин Делчево, информира Автомотосојузот на Македонија.
Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска беше промовирана Монографијата за 50-годишнината од возобновувањето на Дебарско-кичевската епархија.
Во Берово синоќа се одржа трибина на тема „Стоп за насилството врз жените дискриминацијата, мобингот и помалите плати“, чија цел е да се подигне општествената свест за постоењето на родово базирано насилство и на домашното насилство.
Едно лице е повредено во тепачка во угостителски објект во кичевското село Зајас која се случила ноќеска во во 3:40 часот.
Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“. Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.
Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми. Во тек е идентификација на жртвите.
Поради интензивни врнежни од снег, на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно донесе одлука утрешниот ден (17 декември) да биде прогласеен за ден на жалост на територијата на општината.