Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег, соопшти општина Центар.
Со две големи специјални возила за расчистување снег на големи улици и три помали возила – „соларки" за чистење на тротоари и помали улици, општината е подготвена да делува при поројни врнежи на дожд и снег.
– Службите на општината продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните доколку забележат промена на терен и штети, можат за да го известат Кризниот штаб на општината, стои во соопштението.