Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на денешната улична трка „Скопје трча 10 км“. Тој ја оправда улогата фаворит и делницата од 10 километри ја истрча за 30:52 минути што е рекорд на улична трка во Македонија.
K.П. од село Требеништа пријавила обид за полов напад од Ф.П.М. во простории на штаб на политичка партија во Општина Дебарца.
На манифестацијата „Питијада 2017“ во Велес денеска ќе се сече џиновската пастрмајлија подготвена од велешките пекари.
Трка на 10 километри „Скопје трча“ во организација на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи денеска во Скопје.
Поради утврдено пречекорување на овластувањата против двајца полициски службеници е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тие се суспендирани од работните места до завршување на постапката
Во Велес вечерва на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес започнува 14. по ред „Велешка Питијада 2017“ што ја организира Општина Велес во соработка со велешките кафеани, ресторани, кафетерии и винариите од Велес и регионот.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 10:05 часот во Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во хотелска соба била пронајдена почината В.Т.М.(72) од Амстердам, Холандија.
Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар – Тетово во близина на тетовската наплатна станица.
Традиционална манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер во Скопје по 13. пат. Во рамки на програма на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и перформанси.
Од утре почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија „Балкан енерџи“ во Скопје, информираат од компанијата.