Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.
Земјоделци од струмичко, производители на пролетна зелка, денеска во селото Муртино со мирен протест го искажаа своето незадоволство од намалувањето на откупните цени на оваа градинарска култура.
Кавадарчанец вчера ноќта бил пронајден починат пред Здравствен дом Кавадарци, откако претходно пијан правел проблеми на вработените и одбивал лекарска помош, соопшти МВР.
„Не сега, драга“ од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски е новата премиера на Театар Комедија. Претставата ќе се изведе утревечер, на Меѓународниот ден на театарот и на шестиот роденден на Театар Комедија.
Граѓаните да им оставаат само храна- мали слатководни риби или сирово пилешко месо на штрковите и да не се обидуваат на друг начин да интервенираат поради ниските температури и врнежите од снег, препорачуваат од Македонското еколошко друштво.
АД ЕЛЕМ балансира меѓу потребите на граѓаните на Охрид и Струга и жителите по течението на Дрим и оптимално испушта вода од Охридското Езеро преку Црн Дрим со цел да ја сочува безбедноста на сите.
Вкупно 61 процент од заразните болести во светот се предизвикани од животните. За превенирање, нивно сузбивање и искоренување неопходна е соработка меѓу ветеринарните и здравствените служби на локално, регионално и глобално ниво.
Месото увезено изминатите две години од Бразил и Канада за кое, како што објавија некои медиуми, не била платена царина, било здравствено исправно и безбедно за употреба, потврди денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.
Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Над Македонија годишно има над 300.000 летови, а количината на емисијата на јаглерод од нив е дел од темите на тридневната работилница, што се одржува во Скопје во организација на ИКАО и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).