По најавата од српскиот министер за трговија Расим Љаиќ дека Србија од утре воведува контрамерки, Николовски денеска изјави дека „не знае што најавува Србија“, но оти се во постојан контакт и оти разговорите за наоѓање решение продолжуваат.
Вечерите на женски права се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост.
Основачот на верската заедница на православните Албанци во Македонија Бранко Синадиновски вчера бил нападнат од две непознати лица во Скопје. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот.
Со Конференција насловена како „Бубрезите и здравјето на жените“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на бубрегот.
Град Скопје Ве информира дека е објавен јавниот повик за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива 2018“.
Македонскиот модел и фитнес тренер, Александар Грујовски, кој се појавуваше и во спотот на Тамара, бил пронајден мртов на Малта, пишуваат странските медиуми.
Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани.
Повозрасен маж со црна капа на главата, кој низ градот се движи со велосипед, се самозадоволувал пред основното училиште „Љубен Лапе“ во Аердром.
Наглото топење на снегот го подигна нивото на водата во реката Вардар и предизвика излевање на повеќе места во Полог. Најкритична е состојбата во село Раотинце во Општина Јегуновце.
Има многу неправилности при изборот на туристички агенции за организирање училишни екскурзии, а инспекциските служби реагираат многу споро, дури и по еден месец од евентуалното пријавување, реагира денеска Стопанската комора за туризам на Македонија.