И оваа година, со голем број на проекции, изложби и дебати ќе се одржи деветтото издание на манифестацијата „Вечери на Женски права”.
Вечерите на женски права се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост.
Големиот број на настани во рамки на овогодишното издание на „Вечери на Женски права” ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар и истите ќе започнат во 20 часот во кино Фросина со отворање на изложбата „Признаените vs. невидливите жени“.
Во рамки на манифестацијата ќе биде прикажана проекција на шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“ (возраст 12+), по што ќе следуваат разговори со Ана Јовковска и нејзините соговорници на тема „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“.
Активностите од „Вечерите на Женски права” ќе продолжат од 26 до 31 мај во Кинотека на Македонија, каде ќе бидат прикажани проекции на повеќе документарни филмови.
Целата програма на деветтото издание на „Вечери на Женски права” може да ја погледнете на следната интернет врска –
https://www.womensrightsnights.net/program-2018.html
Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, во соработка со Шведската амбасада во Скопје.