Кривична пријава за злоупотреба на службената положба е поднесена против 48-годишниот В.К., управител во винарската визба „Повардарие“ од Неготино.
Организаторите објавија дека повеќе од 8.500 учесници од 51 држава ќе бидат дел од овој настан. Воедно тоа значи дека бројката е зголемена за 1.000 учесници.
Новелата „Изгубеното момче“ од американскиот писател Томас Вулф, во превод од англиски јазик на Сибел Ајдинова деновиве ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.
Во недела во периодот од 7 до 14 часот поради одржување на манифестацијата „Скопски маратон“ ќе има изменет режим на автобуските линии на Јавниот градски превоз.
Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска.
Советниците на Општина Богданци вчера решија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол.
Под мотото „Креирај, кокреирај“ (Do Create! Co Create!), вечер во Младинскиот културен центар ќе почне шестиот фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2017“.
Над 70 оперски институции од 18 држави, меѓу кои и Македонија, и оваа година ќе ги отворат своите врати од 5 до 14 мај за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.
Од МВР изутринава информираа дека експлозивната направа е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ од денеска до сабота ќе ги уредуваат јавните зелени површини во општина Центар.