Во велешката Општа болница се хоспитализирани 100 пациенти што е најмногу од почетокот на пандемијата до денеска. Педесет и пет се на кислородна поддршка, што е исто така најголема бројка досега.
Во струмичката болница се лекуваат 120 ковид-пациенти, а од нив 25 се на болничко лекување, информира директорката Катерина Кузмановска.
Тиквешани трагаат по лице кое украло новчаник од повозрасна жена и 86 илјади денари. На социјалните мрежи се споделува фотографија и се бараат информации за личноста на фотографијата, име, презиме, прекар, место на живеење, место на движење.
Од денеска до недела на Осломејско Езеро ќе биде организираан првиот крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021", на кој ќе учествуваат 16 екипи составени од по тројца спортски риболовци.
Жителите на населбата Трајаново Трло во Кочани денеска организираа протест против изградбата на станбени објекти за сместување на социјално ранливите семејства кои се сместени во Старата касарна во централното градско подрачје.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј.
Амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин денеска беше во посета на Општина Штип, каде се сретна со градоначалникот, Сашко Николов, со кој разговарале на повеќе теми, меѓу кои и за економска соработка
Во вакциналниот пункт на Општата болница во Гевгелија, изминативе четири дена од почетокот на вакцинирањето, вакцината Астра Зенека против Ковид-19 ја примиле околу 150 лица над 77-годишна возраст, потврди денеска директорот Митко Крџев
Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка, денеска ја објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, меѓу кои се и зградата на Централна Пошта во Скопје
Од слобода се лишени Н.Д. и неговиот син Т.Д.(31). По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок