Грантови за еколошки проекти на тема енергија, вода, управување со отпад и чист воздух добија девет градинки од Македонија во рамки на „Програмата за мали грантови“.
На граничниот премин Табановце утринава околу 7:15 часот е спречен обид за нелегално изнесување на 43.800 евра.
Сите млади на возраст од 16 до 26 години кои имаат идеја, предлог или решение за предизвиците во заедницата можат да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот „Ослободи ја идејата“.
Остануваат уште 9 дена до крајниот рок за пријавување на Виз Ер Скопскиот маратон, 31-ви март, датум после кој цените се зголемуваат и рок до кога може да се искористи можноста името на натпреварувачот да биде испишано на стартниот број.
Проектот за клима и заштита на климатските промени „City tree“ денеска во Скопје го промовираа НВО Екосвест и Германската амбасада. Ваква инсталација вчера беше промовирана и во Тетово.
Битолскиот театар третата премиерна претстава за оваа година ќе ја изведе задутре кога на матичната сцена ќе биде одиграна трагикомедијата „Пијани“ од Иван Вирипаев, во режија на Марјан Ѓорѓиевски.
Педесет и седумгодишна Љ.Б. од с. Бачишта, Кичевско вчера била нападната од куче скитник кое и нанело повреда во пределот на десната рака.
Градот Скопје објави конкурс за најголем придонес за животната средина а меѓу другите ќе избира инајеколошка компанија.
Богатиот француски вкус и гастрономија ќе бидат претставни од реномираниот готвач гостин Оливер Бепмал на Денови на француската кујна во „Дистрикт“ бар и ресторан.
На Скопски саем од денеска до 26 март се одржува 43. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.