Твенти сенчури фокс (20th Century Fox), еден од најпознатите брендови во историјата на филмската ТВ индустрија веќе не постои, откако сопственикот, компанијата „Волт Дизни“, објави дека од денеска ќе се вика само „Твенти телевижн“ (20th Television).
Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави во вториот квартал од годината затоа што содржеле лажни информации за коронавирусот, што може да им наштети на здравјето на луѓето, јави ДПА
На американскиот глумец Крис Прат и писателката Кетрин Шварценегер им се роди ќерка. Тоа прв го објави помалиот брат на Кетрин – Патрик, во изјава за „Ентертејнмент тунајт“.
Оваа година навршуваат 25 години од филмскиот хит „Опасни мисли“ (Dangerous Minds) со Мишел Фајфер во главната улога, но и од песната „Gangsta paradise“ којашто произлезе од филмот и се претвори во своевиден рап-евергрин
Италијанската актерка Франка Валери, позната комичарка, почина денеска на 100-годишна возраст во нејзиниот дом во Рим.
Светски позното Мртво море во подрачјето на Фетије во турската област Мугла се именува како дестинација која е локомотива на турскиот туризам, благодарение на природните убавини, географската локација и историјата што датира уште од античко време.
Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми.
Џенифер Гарнер и Бредли Купер беа забележани и фотографирани на плажа, заедно со неговата тригодишна ќерка Леа.
Џенифер Греј, која покрај Патрик Свејзи глумеше во романтичната драма „Валкан танц“ (Dirty Dancing), ќе се појави и во продолжението на класиката од 1987 година, објави денеска филмското студио „Лајонсгејт“.
Музичкиот продуцент Ноел Фишер, познат под прекарот Дитејл, е обвинет и уапсен за принуда и силување на пет жени и сексуален напад врз уште една.