Филмот „Далечниот лаеж на кучињата“ (Данска, 2017) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт ја доби главната награда „Кромид“ за најдобар филм на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Гугл се очекува официјално да ги претстави Пиксел 3 паметните телефони на 4 октомври и нивната продажба ќе биде лансирана кратко време по премиерата.
Ксиаоми објави профит од 2,1 милијарда долари за својот прв квартал како јавна компанија. Во соопштението за инвеститорите, компанијата соопшти дека приходите во вториот квартал се зголемиле за 68 отсто и изнесувале 45,2 милијарди јуани или 6,6 милијарди долари. Нето добивката изнесува 14,6 милијарди јуани или 2,1 милијарди долари.
Поранешна сопруга на Бен Афлик, Џенифер Гарнер, вчера го одвела познатиот актер во луксузна клиника за лекување зависности.
Креаторите на популарната телевизиска серија „Бубалици“ (The Big Bang Theory) најавија дека дванаесеттата сезона на серијата ќе биде и последна.
Организаторите со жалење само на неколку часа пред одржувањето на коцнертот на популарниот хип-хоп артист Шон Пол, сооптиија дека тој нема да се одржи. Причините, велат, дека биле технички и Шон Пол не можел да пристигне во Скопје.
Нашиот игран филм „Ругање со Христос“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември годинава.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.
Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Нов тип хакерски напади може да користат туѓи смартфони за „копање” криптовалути. Тоа хакирање се нарекува „криптоџекинг” (упад во туѓ систем заради бизнис со криптовалути), и меѓу другото, предизвикува бавна работа на телефонот и побрзо трошење на батеријата, нагласуваат познавачите.