Истражување спроведено на 122.000 лица кои трчале на подвижна лента, посочува дека речиси постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, па и од срцевите болести.
Производителот на мотоцикли „Кертис“ конечно ќе го реализира својот концепт на електричен мотоцикл, кој ќе влезе во масовно производство.
Во кино „Фросина“ вечер од 21 часот ќе почне 17. Фестивал на европски филм „Синедејс“ со проекција на музичкиот документарец „Матанги/Маја/М.И.А.“, а од 22 часот во „Милениум“ ќе биде прикажан „Среќниот принц“.
Фејсбук Месенџер наскоро ќе ви дозволи да ги избришете испратените пораки во рок од 10 минути од моментот кога ќе го притиснете копчето. Функцијата е запишна како „доаѓа наскоро“ во верзијата 191,0 на ајОС клиентот на Фејсбук Месенџер.
Кинеските власти почнаа да користат нов систем за препознавање луѓе: според единствениот облик на телото на еден човек и според неговото одење. Технологијата може да биде од исклучително значење кога во одредена ситуација, лицето на еден човек не се гледа на снимки од безбедносна камера.
Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните, и тоа до онаа на неговиот легендарен татко Кирк.
Основачот на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.
Документарниот филм за Арета Френклин снимен пред 46 години ќе ја има својата премиера дури годинава, поточно в понеделник на 12 ноември, на Фестивалот за документарци во Њујорк.
Биографскиот филм за Фреди Меркјури и рок-групата Квин – „Боемска рапсодија” во првата недела од прикажувањето заработи 50 милиони долари во кината во САД и во Канада, и уште 72,5 милиони ширум светот.
Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.