Компанијата „Гугл“ на крајот од 2018 година направи анализа што било најмногу пребарувано на нејзината интернет- страница.
Со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, вечер во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе почне 3. Интернационален филмски фестивал „Winter Apricots“.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на шест од вкупно 20 филмови кои се најдоа во трката за номинација на Оскарите во оваа категорија за следната година, меѓу кои е и „Аквамен“. „Аквамен“ е најновиот член на Ди-Си Комикс Универзумот филм чија премиера е закажана за утре вечер во Скопје, една недела пред светската премиера.
Брачната двојка Бекам е позната по големата љубов. Тие имаат четири деца и успешни кариери. Сепак, од пред неколку месеци се појавија гласини дека не е се идеално.
Нова песна од славниот Оливер под името „За твое добро“ за која текстот го напишал неговиот голем пријател и колега , Златан Стипишиќ Џибони е достапна на Јутјуб.
Пет години откако Фејсбук месинџер го „ископира“ Ватсап“ и лансираше гласовни пораки, сега таа опција ја нуди и Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.
Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.
Во Кинотека на Македонија на 12 и 13 декември ќе се одржи третото издание на Фестивалот на филмска монтажа „Синематик“, а оваа година наградата за животно дело ќе ја понесе британскиот монтажер Ник Гастер.
Алтон Мејсон е првиот модел со афроамериканско потекло, кој прошета по пистата на шоуто на Шанел во 109-годишната долга историја на брендот.
Песната „Боемска рапсодија“ од британската рок група Квин е најслушана композиција на 20. век, напиша на Твитер американскиот медиумски гигант „Јуниверзал мјузик груп“.