Десетици ајОС (iOS) апликации собираат податоци за локацијата за корисниците и ги испраќаат до компании за монетизација. Собирањето на податоци се врши со користење на специјален код за следење, обезбеден за развивачите на апликации на овие компании.
Епл може да лансира сопствена стриминг услуга за видео содржина, слично на Нетфликс и Амазон. Компанијата ќе врши стриминг и на создадени од самата неа филмови и серии, објави Deadline.com.
Избрани се композициите за фестивалот на забавна музика „Макфест“. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип информира дека оваа година, наместо 30 ќе бидат изведени две повеќекомпозиции.
Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг Оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ што се одржа во Софија.
Кога говориме или пишуваме за тоа што чувствуваме, тоа му помага на нашиот мозок да работи поефективно. 3а луѓето што страдаат од преголем стрес или анксиозност, овој метод може да им помогне да ги подобрат своите умствени способности, се вели во истражување објавено на порталот „Сајкофизиолоџи“.
Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест Еми награди за својата патеписно-готварска емисија „Непознати предели".
Австралиската глумица која е веќе на прагот од осмата деценија од животот изјави во интервју за австралискиот „Канал 7“ дека одбива болеста да ја нарекува „битка со ракот“.
Рајан Томас, годинешниот победник на британското шоу „Celebrity Big Brother“ („Големиот брат“ за познати личности), со триумфот се спаси од повеќегодишниот банкрот, јави „Дејли Меил“.
Вир е село во општина Македонски брод. Напуштено. До него нема ниту патоказ. Како воопшто да не постои. Ако не знаете дека кога одите натаму треба да свртите по едно мало, тесно патче низ Модриште, ќе го промашите.
Познатиот готвач Џејми Оливер фати крадец кој се обидувал да влезе во неговата куќа и го задржал додека соседите повикале полиција.