Српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска во Москва се сретна со раководството на рускиот технолошки гигант „Касперски“, по што порача дека компанијата е заинтересирана да се прошири на пазарот во Србија.
Американската федерална управа за воздухопловство одби да реагира во врска со тужбата на организацијата за заштитата на потрошувачите „Flyers Rights" и да се спречи постојаното намалување на димензиите на седиштата во авионите.
Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ексцентричната г-ѓа Дубчек во хит хумористичната серија „Третиот камен од Сонцето“, почина викендов на 78-годишна возраст.
На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија, а ја доби и главната награда од Федерацијата на филмсклите критичари на Европа и Медитеранот - ФЕДОРА.
Иако официјалните податоци говорат дека британскиот поп пејач Џорџ Мајкл починал од природна смрт, неговото момче Фади Фаваз открива дека тој самиот си го одземал животот.
Борбата против СИДА бара дополнителни милијарди долари или во спротивно може повторно да се појави епидемија, предупредија експерти, пред почетокот на меѓународната конференција за таа болест.
Додатоците од рибино масло познати како Омега-3 што ги земаат милиони луѓе ширум светот за заштита на срцето и за потткнување на мозочната активност, не им помагаат да живеат подолго и дури можеби можат да го намалат нивото на добриот холестерол, покажуваат резултатите од едно обемно истражување.
Испечатени фотографии на лица од документарен филм....Толку понеле со себе ентузијасти од Австрија, Германија, Франција па и Финска, кога одлучиле да дојдат во Македонија по „буковска пипер“.
Овој викенд, повеќе од 200.000 љубители на музиката, ќе танцуваат и уживаат во првиот дел од од Тумороуленд (Tomorrowland), фестивалот, кој се смета за најпопуларен во светот, а кој трае од 20 до 29 јули во Брум во Белгија.
„Тајната состојка “ на „Исцелителот“ од вчера е „достапна“ и за грчката публика во кино салите во Атина. Со синоќешната премиера во легендарното кино „Трианон“, во следните најмалку две седмици, започнува прикажувањето на македонскиот филм „Исцелител“, односно „Тајна состојка“, како што е интернационалниот и грчкиот наслов на филмот.