Со проекција на „Мало крило“ на режисерката Селма Вилхунен, вечер во Кинотека на Македонија почнува Неделата на современ фински филм.
Во текот на изминатите неколку дена, голем број корисници почнаа да се жалат на невообичаено голем број спам пораки во нивните „Гмаил“ сметки. Ситуацијата е непријатна, бидејќи профилите шират спам без нивно знаење.
Филмот „Година на мајмунот“ по режија и сценарио на Владимир Блажевски денеска ќе ја има својата интернационална премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал.
Скопската публика ќе има можност вечер во рамки на 21. Скопски филмски фестивал да го гледа кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“.
Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизија СВТ, повикувајќи се на неименуван извор.
Филмови од македонска продукција вечер од 19 часот ќе може да се видат во рамки на Скопје филм Фестивал во киното Милениум.
Американскиот актер и комичар, Верн Тројер, познат како Мини Ми во филмот „Остин Пауерс“, почина на 50 години. Не се соопштени причината и местото каде починал Верн Тројер, кој беше висок само 81 сантиметар.
Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар дебитантски филм на филмскиот фестивал Let’s CEE во Виена, Австрија.
Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека забранила објавување на реклами на рускиот производител на компјутерски антивирус програми „Касперски Лаб“ на нејзината социјална мрежа, затоа што неговиот деловен модел ги прекршува правилата на платформата.
Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговото уметничко име Авичи, почина денеска на возраст од 28 години.