Песничките што возрасните им ги пејат на бебињата и тоа како малечките реагираат на ритамот и движењата, има влијание врз говорниот и јазичен развој на детето, според ново истражување спроведено во Универзитетот на Виена во Австрија.
Јапонската автомобилска компанија „Тојота“ објави дека се повлекуваат најмалку 1,8 милиони возила „РАВ-4“ произведени од 2013. до 2018 година, поради недоволна безбедност и опасност од пожар.
Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.
Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака.
Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 9 ноември во Њујорк, на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.
Мемоарите на Метју Пери под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing) ги надминаа „Жената во мене“ (The Woman in Me) на Бритни Спирс - само неколку дена по неговата смрт.
Американската глумица Мег Рајан се враќа на големото платно со љубовна комедија што самата ја напиша, режираше и продуцираше.
Тајлер Кристофер Бејкер, можеби најпознат по улогите во ТВ-сериите „Општа болница“ и „Деновите на нашите животи“, почина на 50 години. Тој со години се борел со алкохолизам и депресија. Глумецот Морис Бенард ја потврди веста за смртта на својот близок пријател.
Де Ниро (80) двапати го крена гласот за време на неговото сведочење. Адвокатот на асистентката го прашал за случај од 2017 година, кога, наводно, Де Ниро „ја тормозел“ Робинсон рано наутро за да го однесе в болница.
„Сите сме целосно потиштени. Ние бевме повеќе од колеги-ѕвезди. Ние сме семејство. Има уште многу да се каже, но засега ќе одвоиме миг за да оттагуваме и да ја сфатиме оваа неразбирлива загуба“, се вели во заедничката изјава.