Истражителите ќе се обидат да ги идентификуваат посмртните останки и да им ги вратат на роднините за да можат официјално да бидат погребани, изјави шпанскиот патолог Франциско Етксеберија.
На почетокот на декември со брат ми секогаш купувавме новогодишни честитки за другарчињата. Тоа беа едноставни честитки со новогодишни мотиви, потоа во годините што доаѓаа „најхит“ беа честитките што свиреа.
На локалитетот „Косто бачило“, во Националниот парк Галичица, на површина од околу 90 хектари се наоѓа репродуктивниот центар за европски елен
Група од 165 жители на селото Олмен во белгиската провинција Антверпен освоила повеќе од 143 милиони евра на лотарија Јуромилионс
Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“.
Од гувернерот на Флорида Рон Де Сантис до туниската тениска ѕвезда Онс Џабер и британскиот принц Хари, ова се 10 луѓе кои се очекува да бидат на насловните страници во 2023 година.
Околу 2.500 угинати фоки се пронајдени на брегот на Каспиското Море во јужна Русија во Дагестан, а засега нема показатели дека насилно се убиени, соопштија официјални локални претставници
Како родителите да препознаат дали нивното дете е жртва на врсничко насилство? Психологот Лиза Елиот за „Чекап њусрум“ (Checkup Newsroom) говори за сѐ почестите проблеми со насилството во училиштата.
„Оваа недела ја имав привилегијата да отпатувам за Киев и да поминам време со претседателот Зеленски… Искуството со украинската метропола за време на војната е неспоредливо со сѐ што доживеав досега“, напиша водителот.
Индонезискиот Парламент се очекува овој месец да донесе нов кривичен закон со кој вонбрачниот секс ќе се казнува со до една година затвор, потврдија официјални лица.