Шерпасот, всушност, само го подобри својот рекорд и постави нов праг. Тој се искачи на врвот висок 8.849 метри вчера во 7:30 часот по локално време. Ками е водич повеќе од 20 години, а на врвот на Хималаите првпат стигнал во 1994 година. Оттогаш речиси секоја година го повторува истиот успех.
Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.
Холандија важи за една од најсреќните држави во светот - со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). Следат неколку совети.
Операцијата е пресвртница во ксенотрансплантацијата - трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг - како потенцијално решение за светскиот недостиг на органи, соопшти тогаш болницата. Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопшти болницата во саботата.
Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.
„Савана“ мачките се хибрид меѓу домашна мачка и африканската дива мачка „Сервал“. Овој тип мачки меѓу одгледувачите стана популарен во доцните 90-ти, а во 2001 година Меѓународната асоцијација на одгледувачи на мачки ги призна како нова раса мачки.
Силвестер Сталоне ќе понуди на аукција 11 луксузни часовници од својата колекција, соопшти аукциската куќа „Сотби'с“ во Њујорк. Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ - првично продаден за 2,5 милиони долари.
Имотот на Дрејк во Торонто, Канада, вчера бил цел на вооружен напад од автомобил. Канадскиот музичар е на безбедно и соработува со полициската истрага којашто сè уште не го открила мотивот.
Правниот застапник на таткото кој тврди дека вакцината AстраЗенекаa му предизвикала оштетување на мозокот, изјави за Би-Би-Си дека фармацевтската компанија направила „значајна промена“ во својата правна позиција.
Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.