Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Научното име на предметниот вид е „Coffea arabica“. Истражувачите секвенцирале геноми на 39 сорти „Арабика“, вклучително и примерок од 18 век, во обид да го создадат најквалитетниот примерок од овој вид досега.
Постојните обвиненија вклучуваат 13 точки за измама и две точки за заговор заради измама, извести Обвинителството за Колорадо.
Европската вселенска агенција - ЕСА ја почна програмата „ПРОБА-3“ со што ќе се обиде да изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето. Ова е прв ваков научен потфат во историјата.
Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.
Многумина веруваат дека кога ќе се појави вистинската девојка за него или пак кога се ожени и има дете, тој ќе биде друга личност, подготвена да ја преземе одговорноста за врската или семејството.
Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во присуство на детето влијае на нивната самодоверба и ментална сила - коишто пак, може да го предодреди нивниот иден успех како возрасни личности, велат стручњаците.
Примерок од стрипот од 1938 година, во којшто првпат се појавува Супермен, е купен за рекордни шест милиони долари, објави аукциската куќа „Херитиџ окшнс“ што го продаде на наддавање минатата недела.
Од армиите на земјите од поранешна Југославија и Албанија, најголем број жени меѓу професионалните војници работат во Војската на Србија, и сочинуваат вкупно 18 отсто од активните сили, објави денеска порталот Балканска безбедносна мрежа.
Бездомното куче Чопер, по кое македонските граѓани трагаа неколку денови, повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје. Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.