Анализирани се вкупно 16 категории на производи, а Витаминка е една од двете компании застапени на оваа листа со два водечки бренда во своите категории.
Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија.
Сашо Стефаноски е дел од успешната мисија на PHCANN International повеќе од 6 години. Тој беше дел од раководниот тим на NYSK HOLDINGS (компанија која е дел од групацијата на PHCANN International) кој го создаде модерниот производствен капацитет во Македонија.
АЛКАЛОИД со раст на консолидираниот извоз од 15 %, инвестиции од 20,2 милиони евра и со 191 ново вработување во земјава во периодот јануари – септември 2023
Тимот на „Алкалоид“, кој годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата, во текот на трите работни денови оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници на компанијата.
Во кругот на Витаминка, повеќе од 300 деца на вработени во компанијата го обележаа почетокот на новата школска година и роденденот на омилената закуска Стоби флипс.
По првичната минатогодишна работна средба, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат остварија работна посета на „Алкалоид“.
Со секоја купена Цевитана ќе се помага набавката на шаховски табли за основните училишта низ државата.
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2023 година продажбите достигнуваат 6.293.741.761 денари, што е за 19 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална и иновативна компанија, континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија.