Иранскиот рапер Томај Салехи, кој првично беше осуден на смртна казна поради поддршка на антивладините протести, по две години минати во затвор е ослободен, јавува денеска Би-би-си.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска разговарал телефоноски со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, за влошувањето на ситуацијата во Сирија, соопшти прес-службата на Кремљ.
Грузиската полиција денеска уапси познат лидер на опозицијата и употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои четврта ноќ протестираа против владата.
- Работиме (на реализација) на овој процес што е можно поскоро, рече Мерсие, додавајќи и дека засега не е предвиден нов термин за одржување на откажаната средба.
Франција ги намалува субвенциите од државата за купување за електрични автомобили, од максимални 7.000 евра на максимални 4.000 евра со моментално стапување во сила, јави ДПА.
Здравствениот систем на Холандија годишно издвојува околу 18 милијарди евра за лекување на болестите предизвикани од загадениот воздух, покажуваат резултатите од истражувањето на емисиите на 15 штетни материи.
Стоте најголеми компании за оружје во светот во 2023 година забележаа значителен пораст на нивната продажба, бидејќи влијание на тоа имаат војните во Украина и Газа и тензиите во другите делови на светот, јави ДПА.
Русија денеска употреби околу 60 севернокорејски проектили КН-23 врз Украина, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина, Андреј Черњак.
Германските власти денеска изјавија дека Европската Унија и натаму е отворена за Грузија, при што ја повикаа тамошната Влада да го поддржи овој пат, во време кога земјата сведочи на масовна проевропска мобилизација на улиците.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во нејзината контраофанзива во Курскиот регион загинале 36.850 украински војници и 225 тенкови.