Стоте најголеми компании за оружје во светот во 2023 година забележаа значителен пораст на нивната продажба, бидејќи влијание на тоа имаат војните во Украина и Газа и тензиите во другите делови на светот, јави ДПА.

Според извештај објавен денеска од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, вкупниот приход на овие 100 компании во 2023 година се зголеми за 4,2 отсто и изнесува 632 милијарди долар по намалувањето претходната година.

Приходите од оружјето наведени во извештајот се остварени од продажба на воени добра и услуги, забележа ДПА.

Од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот посочуваат дека многу компании за оружје нагло го зголемиле производството и предвидуваат и дека трендот на пораст на продажбата ќе продолжи.

„Со оглед на големиот обем неисполнети порачки и зголемената побарувачка за оружје во 2022 и 2023 година, вкупниот приход од оружје на првите 100 компании во наредните години може значително да порасне“, се вели во извештајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2024 03:45